КОСОВО

Институционална Рамка


 

Агенција за управување со вонредни состојби
Мисија на Агенцијата за управување со вонредни состојби.
Мисијата на Агенцијата е да им дава поддршка на граѓаните и на првите тимови за спасување со цел да се осигури дека работат како тело, потоа за подобрување, оддржување и зајакнување на капацитетите за подготовка, заштита, одговор и извлекување од сите потенцијални опасности, без разлика дали се тие природно настанати или пак се последица на човечки фактор.
Агенцијата:

  • дава совети во однос на стапките и управувањето со изградба во урбани и неурбани средини;
  • ги подучува луѓето како да се справуваат со катастрофи;
  • помага во изградбата и опремувањето на локалните и националните механизми за подготвеност во вонредни состојби;
  • го координира одговорот на катастрофи;
  • става на располагање помош на општините, заедниците, компаниите и поединците во случај на катастрофи;
  • обучува лица одговорни за управување со вонредни состојби;
  • дава поддршка на противпожарната служба; и
  • управува со целокупното времетраење на циклусот на катастрофи.

Забелешка: Времетраењето на циклусот на катастрофи е процесот преку кој лицата одговорни за управување со вонредни состојби се подготвуваат за вонредни состојби и катастрофи, реагираат кога тие ќе се појават, им помагаат на луѓето и институциите брзо да се соземат од нив, ги ублажуваат штетните ефекти од нив, ги намалуваат ризиците од загуби и ја спречуваат појавата на идни катастрофи.


Слика 1 – Структурната поставеност на Агенцијата за управување со вонредни состојби – извор: Министерство за внатрешни работи на Косово.