ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ

УНИСДР – Канцеларија на ОН за НРК [15 јануари 2009 година]
 
Дефиниција:
 
Структуриран аналитички процес со цел да се утврди природата и степенот на ризик преку анализа на потенцијалните опасности и процена на постоечките услови на ранливост кои заедно потенцијално може да им наштетат на изложените лица, имот, услуги, живот и средина од која зависат.
 
Коментар: Проценките на ризикот (и мапирањето на поврзаните ризици) вклучуваат: преглед на техничките карактеристики на опасностите како што се нивната локација, интензитет, зачестеност и веројатност; анализа на изложеноста и ранливоста вклучувајќи ги и физичките, социјалните, здравствените, економските и еколошките димензии; и оцена на ефективноста на доминантните и алтернативните капацитети за справување со веројатните сценарија на ризик. Оваа низа на активности понекогаш е позната како процес на анализа на ризикот.


Најди повеќе за Идентификација И Проценка На Ризикот