ПОЛИТИКИ, ПЛАНОВИ И ЗАКОНОДАВСТВО ЗА НРК

Целта на политиките и законодавството е да се воспостави формална основа за постигнување на целите на секоја владина или невладина организација, институција или фирма која ги донесува и ги спроведува. Како резултат на тоа, политиките и законодавството ја остваруваат својата цел преку два сосема различни пристапи. Сепак, мора да се подвлече дека тие често се развиваат истовремено и може меѓусебно да се надополнат.
 
Политиките се насочен збир од упатства за носење одлуки и постигнување рационални резултати. Меѓутоа, не секогаш тие го зацртуваат она што конкретно се прави, туку се фокусираат врз она што треба да се направи и наведуваат зошто ваквите активности се толку критични. Упатствата за тоа како, каде и кога треба да се постапи заради остварување на целите јасно се наведени во постапките, стратегиите, плановите или протоколите.
Додека политиките може само да го насочуваат процесот на одлучување, законите може да послужат за многу дополнителни цели, како што се: регулација, овластување, забрана, обезбедување, санкција, декларација или ограничување.
 
Плановите се документи подготвени од орган, сектор, организација или претпријатие со кои се утврдуваат општите и посебните цели заедно со релевантните активности за постигнување на ваквите цели.


Најди повеќе за Политики, Планови И Законодавство За Нрк