Намалување на ризикот од катастрофи


 

 

Концепт и практика на намалување на ризиците од катастрофи преку систематски напори за анализирање и управување на причинските фактори за катастрофите, вклучувајќи и преку намалување на изложеноста на опасности, намалена ранливост на луѓето и имотот, мудро управување со земјиштето и животната средина и подобрување на подготвеноста за штетни настани.
Коментар: Сеопфатен пристап за намалување на ризиците од катастрофи е утврден во Хјого-Рамката за акција одобрена од Обединетите нации и усвоена во 2005 година, чиј очекуван исход е „значително намалување на загубите при катастрофи, во животи и во социјално-економски и еколошки средства на заедниците и земјите“. Системот на Меѓународната стратегија за намалување на катастрофи (ISDR) претставува инструмент за соработка меѓу владите, организациите и актерите на граѓанскиот сектор за да помогнат во спроведувањето на Рамката.
Забележете дека иако понекогаш се користи терминот „намалување на катастрофи“, терминот „намалување на ризикот од катастрофи“ обезбедува подобро препознавање на континуираната природа на ризиците од катастрофи и на тековниот потенцијал за намалување на ваквите ризици.
 (Дефиниција на ОН/ISDR – Канцеларија на ОН за НРК, 15 јануари 2009)