Политики И Стратегии

Целта на политиките и законодавството е да се воспостави формална основа за постигнување на целите на секоја владина или невладина организација, институција или фирма која ги донесува и ги спроведува. Како резултат на тоа, политиките и законодавството ја остваруваат својата цел преку два многу различни пристапа. Меѓутоа, мора да се подвлече дека тие често се развиваат истовремено и може меѓусебно да се надополнат.

Политиката е насочен збир од упатства за носење одлуки и постигнување рационални резултати. Сепак, политиката не секогаш го претставува она што конкретно се прави, туку се фокусира врз она што треба да се направи и зошто таквите активности се толку пресудни. Начините за тоа како, каде и кога треба да се остварат целите јасно се наведени во постапките, стратегиите, плановите и протоколите.
Додека политиката може само да го насочува процесот на одлучување, законодавството може да послужи за многу дополнителни цели, кои вклучуваат: регулација, овластување, забрана, обезбедување, санкција, декларација или ограничување.

Плановите се документи подготвени од орган, сектор, организација или претпријатие, со кои се утврдуваат општи и посебни цели заедно со релевантните активности за постигнување на ваквите цели.



 


Document Resources