Адаптација кон климатските промени


 

 

Приспособување на природните или човечки системи во одговор на реалните или очекувани климатски дразби или нивните ефекти, со што се ублажува штетата или се искористуваат поволни можности.


Коментар: Оваа дефиниција се однесува на загриженоста за климатските промени и е дадена од Секретаријатот на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ).
Поширокиот концепт на адаптација важи и за неклиматските фактори, како што се ерозија на почвата или слегнување на површинските слоеви. Адаптацијата може да настане самостојно, на пример, преку промените на пазарот, или како резултат на политики и планови за намерна адаптација. Многу мерки за намалување на ризиците од катастрофи може директно да придонесат кон подобра адаптација.
(Дефиниција на ОН/ISDR – Канцеларија на ОН за НРК, 15 јануари 2009 г.)